Али надри пејачот од Зајас, не си му ни до колена на Мицкоски!

Али се труди да биде вицкаст, па уште и дава мислење дека претседателот Мицкоски не бил Зеленски од Украина. Не знам точно, но ми се чини дека веројатно тој статус му го пишувал чиракот Артан Груби, заедно седнати на масата до орманчето во Зајас каде се гледа дека Али краде струја од ЕВН и додека дели “големи” совети за други, пишува на Фејсбук, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки реагираше на статусот на Али Ахмети објавен на истата социјална мрежа ден претходно, кога се снимаше како пее во автомобил, радосен од фактот дека македонското Собрание го прифати т.н. француски предлог.

„Додека народот гладува, овие си се снимале како си пејат песни. На човек не му е толку криво што го прават тоа, колку што мислат дека народ им верува дека добро пејат додека всушност крадат. И сето тоа се случува додека и народот на Али и македонскиот народ гладуваат, додека е ограбуван и потценуван од таквите како него, и тие што одбрале да му слугуваат од предавничката влада. На фејсбук глумат патриоти, а надвор од него само делат тендери. Абре Али, ти си само крадец. На Мицкоски не си му ни до колена. Тој го води народот, а ти го пљачкаш. Не многу далеку од сега, и Албанците ќе му го постават прашањето на Али зошто Албанците во Албанија одат кон ЕУ, а македонските Албанци тапкаат во место“, порача Ковачки.

Тој додаде и дека Али почнал како Сталинист, Марксист – Ленинист, се преставувал и како Че Гавара, а во суштина, според Ковачки, тој е надри пеач од Зајас.