Алијанса: Власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР го охрабрува криминалот

Дека Македонија станува земја на чуда и тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се вели во партиската реакција по повод бегството на Никола Војминовски.

Оттаму додаваат дека на Војминовски, иако осуден за тешко кривично дело, му било дозволено да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, а државните институции и МВР потклекнувале пред криминалците и корумпираните.

Овие бегства, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија, дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува. Празните оправдувања на државните челници кои често се обидуваат да ја префрлат одговорноста еднаш во судовите другпат кај Обвинителството или Министерството за внатрешни работи, станале секојдневен рефрен на СДСМ-ДУИ, и се неоправдливи за граѓаните и за АА, се наведува во партиското соопштение.