Опозициската партија Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која заедно со движењето Беса во првиот круг го поддржаа независниот кандидат за претседател Блерик Река, во четвртокот ги повикаа своите членови и сиппатизери во недлат на 5-ти мај во вториот круг од претседателските избори да гласаат по сопствено убедување, очигледно немајќи доверба во премиерот Зоран Заев и кандидатот на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.
На штотуку завршената средба на органите на партијата Алијанса за Албанците, била изразена загриженост дека кампањата во вториот круг немало вистинска понуда за граѓаните. Од оваа партија велат дека тие гласачите не ги сметаат за сопственост и, исто така, ги повикуваат своите поддржувачи да гласаат според своите убедувања.
„Алијанса за Албанците го повторува ставот кој што го изнесе за време на изборната кампања дека нејзините поддржувачи не ги смета за имот и предмет во функција на интересите на одредени поединци … Вие почитувани граѓани сте суверени и наш партнер во градење на живот со достоинство и затоа ве повикуваме во недела да го изразите својот суверенитет. … Заеднички им рековме да на НАТО и ЕУ на референдумот и со уставните измени. Заеднички ќе останеме на истиот пат и во иднина, не потценети туку еднакви и со достоинство”, се вели во соопштението на Алијансата на Албанците .