Њомза Шаќири, во својство на координатор на советничките групи на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, Движење за национално единство на Турците и на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во вторникот информираше во врска со вчерашната седница на Советот на Општина Гостивар, при што ги обелодени опструкциите од страна на советниците од редовите на СДСМ, ДУИ и НДП против нормалното функционирање на Општината.
„На вчерашната седница едногласно беше отфрлен записникот од конститутивната седница од 17-ти ноември, со што седницата по автоматизамтребаше да се одложиза друг ден. Но, советничките групи на ДУИ, СДСМ и НДП одлучијатаа да продолжи и да ја водат нелегитимно избрани”, истакна Шаќири.
Објасни дека втората опструкција, која многу ги засега интересите на граѓаните на Гостивар беше негласањето во дневниот ред да влезе предлог-одлуката за прераспределба на средства во буџетот на Општина Гостивар за 2017 година, со што се оневозможува исплатата на плати на вработените во образованието.
„Она што мислиме дека треба да им се разјасни на граѓаните е присуството на полициски сили околу општинската зграда. Полицијата не беше повикана од страна на градоначалникот, а беа присутни на двете седници на советот. Ние не сме му се заканилена никого, не сме уценувале никого и цениме дека Советот е орган каде што народните избраницитреба слободно да ги искажат своите ставови, па затоа не знаеме кои се мотивите што некој вика полиција“, рече во продолжение координаторката на советничката група на Алијансата на Албанците, Нјомза Шаќири.
Побара од оние кои што викаат полиција кога се одржуваат седниците на Советот, да излезат јавно да ги запознаат граѓаните за мотивите.