Алијансата за Албанците и ТМРО поднесоа приговори до ДИК

До Државната изборна комисија (ДИК) до 15:30 часот по еден приговор за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати за првиот круг од локалните избори поднеле Алијансата за Албанците и ТМРО.

Според информациите од ДИК, Алијансата на Албанците во приговорот бара поништување на гласањето на едно избирачко место во Гостивар. ТМРО, пак, во приговорот бара поништување на гласањето на сите избирачки места во Град Скопје изразувајќи сомнеж во работата на изборната администрација.

До ДИК претходно беа поднесени 48 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право.

Роковите за поднесување на приговори за првиот круг од локалните избори истекуваат вечер во 19:00 односно 24:00 часот.