Алијансата за позитивна Македонија се преименува во ПОЕН

Партијата Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) донесе одлука да се преименува во Партија за општествен и економски напредок или ПОЕН, и воедно да започне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (EFA) како придружна членка.

Како што соопштија од партијата на чиешто чело е Рубин Земон, на седница на Главниот одбор оддржана во Ресен за нов претседател на Главниот одбор е избран Димитар Илиевски и е направина мала реконструкција на Извршниот одбор, кој сега го сочинуваат: Земон, Илиевски, Антонио Секуловски, Никола Шалваринов, Ирена Оровчанец, Симона Јосифовска, Мирослав Анастасов, Ѓорѓи Ивановски, Дијана Марковиќ, Благоја Костовски, Џевдет Халими, Медо Балиќ.

Инаку, оваа партија, која сега е дел од владината коалиција на СДСМ, беше формирана во пресрет на парламентарните избори во 2014 година, кога водена од новинарот Љупчо Зиков освои само десетина илјади гласови, по што Зиков ја напушти партијата им се врати на медиумите.