Алиу и Меџити изјавија дека АА е единствена и нема да поднесат оставки

-Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерава министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според нив, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

– Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии, нека пробаат, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата.