Шаховската федерација на Македонија направи одличен потег со аплицирање и содобивање на организацијатана Светското сениорско екипно првенство во шах за 2023 година (за ветерани,шахисти и шахистки над 50 и над 65-годишна возраст). Ова врвно шаховско натпреварување, во заедничка организација на ФИДЕ (Светскаташаховска федерација) и на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември во хотел „Изгрев“ во Струга.
Во согласност со турнирските правила, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат и репрезентации и шаховски клубови, но предуслов е сите играчи од една екипа да бидат во соодветната возрасна категорија и регистрирани во иста земја.
Најуспешниот македонски клуб, Шаховскиот клуб Алкалоид, го пријави своето учество во категоријата на екипи со играчи постари од 50 години, а во екипата се вклучени врвните македонски велемајстори, долгогодишни членови на клубот и државни (сегашни и поранешни) репрезентативци:
- Трајко Недев –3-патидржавен шампион и освојувач на сребрен медал за поединечен резултат на Европско екипно првенство во 2003 година;
- Драгољуб Јаќимовиќ –2-пати државен шампион и освојувач на златен медал за поединечен резултат на Шаховската олимпијада во 2000 година;
- Звонко Станојоски –6-пати државен шампиони актуелен државен шампион за 2023 г.;
- Влатко Богдановски –7-пати државен шампион;
- Кирил Георгиев– како нов член на екипата, поранешен светски сениорски брзопотезен шампион и светски јуниорски шампион;
- Роландо Кутиров– капитен на екипата, 2-пати државен шампион.
Сите тие се шахисти кои дале исклучителен придонес во развојот и во резултатите на македонскиот шах, а во составот на репрезентацијата несебично и посветено ги бранеле боите на нашата држава на многу Шаховски олимпијади и Европски екипни првенства. Истовремено, како долгогодишни членови на екипата на ШК Алкалоид, заедно ги создаваат сите успеси, вкупно 24 шампионски титули за клубот на Екипните првенства на Македонија, од кои последните десет се во континуитет досега.
Дел од играчите беа во составот на ШК Алкалоидво 2016 година кога клубот стана европски клупски првак, како и во 2017 година кога клубот ја освои вицешампионската титула.
Учеството на ова светско екипно првенство е нов мотив и предизвик, како ижелба повторно да се постигне резултат со кој македонската шаховска и севкупната спортска јавност повторно и натамуќе се гордеат.