Алкалоид ги „матира“ ривалите Европскиот куп на шампионите

Екипата на Алкалоид продолжува со одличните игри на Европскиот куп на шампионите. „Фармацевтите“ во шестото коло со 5:1 го победија чешкиот шампион Ст. Лиза и Лабем и остана во борба за титулата.

По шест кола, на првото место на табелата се наоѓа италијанската екипа Обиетиво со максимални 12 бодови, додека на делба на второто место со по 10 бодови се наоѓаат Алкалоид, Москва, Нови Бор од Чешка и уште една руска екипа, Приморски.

Првиот поен за Алкалоид го донесе Инаркиев на четвртата табла, а потоа триумф оствари и Ковалев, додека Шанкланд ремизираше со својот ривал.

На првата табла, Андреикин ја искористи предноста и дојде до победа, за веднаш по него Криворучко да ремизира. Последниот поен за Алкалоид го донесе Мамедјаров и тоа со победата над поранешниот светски првак Пономарјов.