„Алкалоид“ обезбеди 178 нови вработувања, а компанијата со инвестиции од над 13,8 милиони евра

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.687.034.470 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 978.479.923 денари и е зголемена за 16 %.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 850.639.878 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.687.034.470 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 978.479.923 денари и е зголемена за 16 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.766.595.559 денари и бележи раст од 14 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 989.201.826 денари е зголемена за 17 %. При извршувањето на оперативните активности „Алкалоид“ ангажираше 1.055 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – септември 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 178 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во РС Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.511 вработени, од кои 1.933 се во базата во Скопје, а 578 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2021 година се движеше од 13.300,00 денари до 18.350,00 денари, или просечно 15.272,83 денари за една акција, што претставува раст од 26,5 % во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година. На 30.9.2021 година акциите на „Алкалоид“ беа во сопственост на 5.114 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 24,5 милијарди денари.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје на седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12 % од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7 % на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2020 година.

Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на КОВИД 19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период врвен приоритет и натаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност и остварувањето на планските цели.