Алкалоид подобар од Вардар во ракометното дерби

Дербито на првото коло во ракометната Супер-лига му припадна на Алкалоид кој го совлада Вардар со 33:30.

По Супер-Купот и триумфот над Пелистер, момците на Кирил Лазаров го му зедоа скалпот на вториот фаворит за титулата РК Вардар.

Серафимов и Митев постигнаа по осум гола кај победникот, Галевски имаше седум одбрани, една од нив од седум метри. На другата страна Лазаревски постигна шест погодоци.

Во следното коло од македонската  Супер Лига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш.

Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.