По големата победа над Вардар, Алкалоид продолжи со фантастичниот ритам и го забележа шестиот триумф во низа во домашното првенство, откако вечерва немаше преголеми проблеми со Тиквеш.
Младите момчиња на Кирил Лазаров не успеаја да го победат Тиквеш во Кавадарци на првата средба која заврши без победник, но во неделата освоија нови бодови.
Алкалоид победи со 29:26 и ја збогати својата низа на победи, која се очекува да биде под сериозен тест веќе наредното коло, кога во Скопје ќе гостува Еурофарм Пелистер.
Второпласираниот тим на табелата победи против Алкалоид 27:25, но разиграните играчи на Лазаров сега ќе играат на домашен терен и сигурно ќе посакаат да го остварат успехот како и против Вардар.
Ова дерби ќе има директно влијание врз битката за титулата, а истото е закажано за во четврток.