![alkaloid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/alkaloid.jpg?resize=564%2C272&ssl=1)
Kомпанијата „Алкалоид“ минатата година оствари консолидирана нето добивка од 618 милиони денари, покажуваат резултатите од неревидираниот консолидиран Биланс на успех .
Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.137 милиони денари што претставува зголемување од околу 8 отсто.
Лани компанијата оствари вкупни приходи од 7,702 милијарди денари и во споредба со остварените во 2013 година, бележат пораст од 6 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96 отсто, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 4 отсто.
Компанијата лани инвестирала 477 милиони денари во основни средства.