
„Алкалоид“ доби обновен сертификат за Добра производна пракса (GMP) од Националната агенција за лекови и медицински помагала при Министерството за здравство на Романија, по извршената инспекција во погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини.
Ова е петта инспекција на погоните на „Алкалоид“ од страна на романските авторитети, што претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што компанијата ги применува во секојдневното работење, а се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на своите производи не само во Европската Унија, туку и пошироко.
Со ова „Алкалоид АД“ Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сè со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.