Алкалоид убедлив против Прилеп за „четири од четири“ во Суперлигата

Екипата на Алкалоид запиша убедлив триумф над Прилеп од 45:23 во првата средба од 4. коло во Суперлигата.

Клубот од Автокоманда важеше за апсолутен фаворит пред натпреаврот, а тоа и го потврди на теренот каде го врв ја наполните мрежата на гостите.

Домаќините уште во првиот дел ги решија сите дилеми откако се стекнаа со двоцифрена предност (23:13), позитива која продолжија да ја зголемуваат и во вторите 30 минути.

Со ова Алкалоид го задржа 100 процентниот учинок во шампионатот, а лидер во најновиот триумф кога се во прашање стрелците бе крилото Костески со седум погодоци.

Во наредното коло четата на Лазаров му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

https://widgets.sofascore.com/embed/tournament/47944/season/65683/standings/Super%20Liga%2024%2F25?widgetTitle=Super%20Liga%2024%2F25&showCompetitionLogo=true