Актуелниот македонски вицепрвак Алкалоид ќе игра во групната фаза во ракометната Лига Европа, додека двократниот европски шампион Вардар 1961 преку квалификации ќе се обиде да биде вториот македонски тим кој идната сезона ќе настапува во второто по ранг европско клупско натпреварување, одлучи денеска ЕХФ.
РК Вардар 1961 се враќа на европската сцена по пауза од една година и во квалификациите можни противници ќе му бидат Рајн Некар, Гранољерс, Брага, Винтертур и Истад.
Жрепката за квалификациите е закажана за 18-ти јули во Виена, а натпреварите ќе се играат на 26/27 август и 2/3 септември.
Ракометарите на Алкалоид, пак, жрепката за групната фаза ќе ја чекаат од вториот „барабан“.