Алкараз без проблеми притив Шаповалов

Во моментов најдобриот тенисер на поединечното АТП рангирање, 20-годишниот Шпанец Карлос Алкараз без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на Ролан Гарос го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов, 32-ри на АТП листата, со 6-1, 6-4, 6-2, а за победата му беа потребни два часа и 10 минути.

За Алкараз ова е третиот настап на славната париска црвеница, а најдобар резултат му е минатогодишното четвртфиналето. За одбрана на ланските бодови Шпанецот во осминафиналето ќе мора да го победи Италијанецот Лоренцо Мусети, кој е н18-ти на АТО, кои со исто така уверливи 6-1, 6-2, 6-4 го победи најдобро рангираниот Британец Камерон Нори кој е 13-ти на АТП листата.

Со убедлива победа од 6-2, 6-2, 6-3 над Аргентинецот Диего Швартцман, 95-ти на АТП, до осминафиналето стаса и Гркот Стефанос Циципас, петтиот на АТП, кој пред две годни беше финалист на Отвореното првенство на Франција. Циципас е голем фаворит за пласман во четвртфиналето, бидејќи ривал му е Австриецот Себастијан Офнер, 118-ти на АТП листата, кој во пет сета 5-7, 6-3, 7-5, 1-6, 6-4 го совлада Италијанецот Фабио Фоњино.