На Гренд слемот во Париз Ролан Гарос првите носители и натаму лесно забележуваат победи и се пласираа во четврфиналето. Вториот ностел Јаник Синер синоќа го победи Коренат Муте со 3-1 во сетови, откако Французинот поведе со 1-0 во сетови со огромен број дроп шотови и неконвенционален тенис. Потоа Синер беше убедлив на својот сервис и наметна своја игра па лесно стигна до пресврт.
Григор Димитров од Бугарија го победи Полјакот Роберт Хуркач со убедливи 3:0 користејќи го фактот што земјаната подлога не му одговара на полскиот тенисер чија главна одлика е многу силниот сервис кој тешко се брани на брзи подлоги. Гркот Стефанос Циципас го совлада Италеијанецот Матео Арналди со 3-1 во сетови. Првите два сета беа изедначени, а потоа третиот и четвртиот сет Циципас ги доби со убедливи 6-2 и 6-2.
Третиот фаворит Карлос Алкараз со убедливи 3-0 и во меч без никаква неизвесност го победи Канаѓанецот Фелис-Оже Алијасим со 3-0. Алкараз во четвртфиналето ќе го има првиот посериозен противник Стефанос Циципас.
Денеска во Париз се играат преостанатите четири меча од осминафиналните дуели, а програмата ја отвараат Русинот Данил Медведев со Де Минаур од Австралија, по што следи мечот меѓу Ѓоковиќ и Серундоло од Аргентина.