Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, втора година по ред се пласираше во финалето на Вимблдон, победувајќи го во петокот во полуфиналето Русинот Данил Медведев (АТП – 5.) со 6-7 (1), 6-3, 6-4, 6-4 за два часа и 55 минути борба на централниот терен на „Ол Ингланд клубот„.
За 21-годишниот Алкараз ова е четврто финале на Грен-слем турнирите, а претходните три ги освои: на УС Опен во 2022 година, на Вимблдон во 2023 година и на Ролан Гарос годинава.
Противник во финалето може да му биде 37-годишниот Новак Ѓоковиќ (АТП – 2.), кого го победи минатата година за првиот триумф на тревата на Вимблдон или 22-годишниот дебитант во полуфиналето на Грен-слем турнироте Лоренцо Музети (АТП – 25.), кој ќе се обиде да стане третиот италијански тенисер кој го победил Ѓоковиќ на еден од четирите најголеми турнири во светот.
Во репризата од минатогодишното полуфинале, Алкараз тешко извојува победа против 28-годишниот Медведев, кој двапати во првиот сет создае а потоа ја загуби брејк предноста, но одигра одличен решавачки гем во кој на Шпанецот му препуши само еден поен.
Сепак, Шпанецот се стабилизираше на сервисот во остатокот од мечот, па во вториот и третиот сет го остави Русинот без ниту една брејк можност, играјќи поагресивно и попрецизно отколку што беше случај во првиот дел од мечот. Така, по еден „брејк“ во тие два сета му донесе предност од 2-1 во сетови, а Алкараз повторно го одзема сервисот на рускиот тенисер во првиот гем од четвртиот дел.
Мал момент на деконцентрација и три неизнудени грешки на Алкараз доведоа до „брејк“ за 1-1. До седмиот гем и двајцата тенисери без мака ги ефектурираа своите сервиси, но со двојна грешка и промашен форхенд Медведев му даде можност на Алкараз за „брејк“, кој Шпанецот не го пропушти. Русинот не доби можност да се врати и со тоа го загуби седмото грен-слем финале, а прво на Вимблдон.
„Навистина сум задоволен од мојот настап. Почнав нервозен, но во вториот сет се обидов да се ослободам од таа нервоза. Откако го направив тоа, можев да играм како што сакав”, изјави Алкараз по петтата победа во седмиот меч против Медвев кој само двапати успеа да го совлада Шпанецот на Грен-слем турнирите – во 2. коло на Вимблдон во 2021 година и во полуфиналето на УС Опен во 2023 година.