Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 118.053 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, зголемена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.