Светскиот познатиот швајцарски алпинист Уели Стек, загина во неделата по падот под врвот Нуптсе во непалскиот дел од Монт Еверест додека се подготвувал за искачување на највисокиот врв на светот и е првата жртва на годинешната сезона на искачувањата, соопштија локалните власти
Четириесетгодишниот Уели Штек, наречен „Швајцарска машина“ поради неговиот многу брзи искачувања на врвовите, загинал по падот во подножјето на Нуптесе, помалиот врв на кој сакал да се искачи во фазата на аклиматизација, пред обидот да го искачи Монт Еверест, соопштија од агенцијата „Seven Summits Treks“ којашто ја организирала неговата експедиција.
Соопштено е дека „неговото тело е пронајдено и пренесено во (непалската престолнина) Катманду“. Штек, според информациите, самиот се искачувал кон Логорот 2, кога се лизнал и паднал, но го виделе други двајца алпинисти.
Швајцарецот веќе еднаш се има искачено на врвот Еверест, а тоа се обиде да го повтори во 201 година, кога мораше да ја напушти областа поради судирот меѓу тројца европски алпинисти, меѓу кои и тој, со непалските водачи.
Во овој период од годината стотици алпинисти се наоѓаат во базниот камп подготвувајќи се за искачувањето на Монт Евересет кој со своите 8.848 или 8.850 метри, според раните мерења.
Досега на Монт Еверест се искачиле повеќе од пет илјади алпинисти. Минатата 2016 година тоа го сториле 645, што е рекорден број за една сезона.