![pregazen velosipedist mavrovka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/pregazen-velosipedist-mavrovka.jpeg?resize=696%2C696&ssl=1)
Нешто пред 14 часот на крстосницата кај Мавровска и судовите автомобил удри во велосипедист и тешко го повреди, пренесува „Алсат“ објавувајќи фотографии од несреќата.
Лицето има здобиено повреди и остана неподвижно да лежи на асфалтот сè до доаѓањето на полицијата и брзата помош, велат од телевизијата, додавајќи дека полицискиот увид сè уште трае, а жената којашто управувала со автомобилот (БМВ) и понатаму е во возилото.