Жално е што иако сите релевантни здравствени институции посочија дека вирусот ковид-19 ќе има втор бран и се очекуваше да се прошири, почетокот на учебната година во овие околности без оглед на здравјето на учениците и на наставниците беше направена со голема рамнодушност од Владата. Денес, таа станува одговорна и за инфицирањето на наставниците и учениците, чиј број се зголемува и речиси го оневозможува нормалното реализирање на образовниот процес, смета Алтернатива.
– Другата апсурдност на одлуката на министерката е и контролата на знаењето или тестовите, што ги принудува учениците да одат на училиште за да положат тестови и испити, а за настава им вели да останат дома. Затоа, ја прашуваме Цароска дали ова значи дека на денот кога учениците ќе полагаат тест во училиште нема да се заразат и нема да го шират понатаму вирусот? Бидејќи повеќето наставници работат од дома, предлагаме Министерството за образование и наука да одвои дополнителни 50 евра на секоја плата на секој наставник за греење и интернет, бидејќи тие сега трошат повеќе за одвивање на наставата. Исто така, за непречено одвивање на онлајн-наставата, Владата, Министерството за образование и наука, општините и другите раководители на институции треба да им овозможат на учениците оптимални услови за настава, да ги опремат со лаптопи, компјутери или таблети, како и да најдат начини за обезбедување на пристап до интернет за тие кои немаат таква можност – велат од Алтернатива.