„Алтернатива“: Дали после Тодоровиќ, следни за спасување се Груевски и Мијалков?

Опозициската албанска партија „Алтернатива“ реагира на измените на Кривичниот законик, според кои поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, осомничен и обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“, му се укина мерката куќен притвор.

Од партијата на Африм Гаши велат дека тоа е вознемирувачко и неправедно од единствена причина.

-Вака се гази достоинството на граѓаните, бидејќи последиците од неговата корупција ги погодиле и им наштетиле само граѓаните на нашата земја. Сега на сите ни е јасно зошто овие измени се направени преку ноќ. Како и да е, важно е што граѓаните веќе се уверени што е европска вредност и кој навистина постапува во интерес на демократијата и европските вредности. Што е поевропско, да бараш да се казни корупцијата и да се бориш со какви било средства против злоупотребата на власта и застареноста на коруптивните предмети или да го измениш Кривичниот законик со ослободување од обвиненија на стотици обвинети за такви предмети и да ги мотивираш другите криминалци да вршат такви коруптивни дела?, прашуваат од „Алтернатива“.

Од опозициската партија го поставуваат и прашањето кој е следен по Тодоровиќ.

-Кој е следен да ги ужива плодовите од измените во Кривичниот законик? Мијалков или Јанкуловска? После ова и Груевски почнал да го пакува куферот за Скопје?, стои во партиското соопштение.