Алтернатива до Спасовски: За кого важи казната за неносење маска?

Премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче, позираа без маски и без одржување на дистанца, додека вчера Али Ахмети со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и сите министри од оваа партија, беа собрани заедно, да слават патетичен роденден во време на пандемија, без маски и без одржување на дистанца, сето тоа во време кога граѓаните се казнуваат насекаде токму за неносење на истите, реагира Алтернатива.

– Го прашува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого важи казната за маски во оваа држава? Дали оваа казна се однесува само на обичните граѓани кои не се на власт или на сите граѓани подеднакво? Доколку вашиот одговор е вториот, тогаш ние очекуваме да ѝ докажете на јавноста дека Министерството за внатрешни работи ги казнило и овие лица за неносење маска. Само тогаш ќе имате право да продолжите да ги казнувате граѓаните за неносење маска. Напротив, веќе немате морал да изрекувате казни и ова ќе биде доказ дека на вас ви паднаа маските и го открија вистинското лице на владата, која има за цел да ги одере граѓаните со цел да ги засили луѓето од власта – велат од Алтернатива.