Зголемувањето на функционерските плати во погрешен тајминг и економско кризни околности како растечката инфлација, има продолжени ефекти кај различни општествени групи. Кога ќе се зголемат платите за 78% на професионалните политичари тогаш не треба да не зачудува што синдикатите се закануваат со протести ако не им се исполнат барањата. Едноставно вработените во здравството, образованието и полицијата немаат морална обврска да имаат слух за економските проблеми ако за кризата немаат слух токму оние кои се платени да ги решаваат проблемите, велат од Алтернатива.
Алтернатива смета дека синдикатите имаат целосно право да го заштитат достоинството на вработените кои ги претставуваат.
-Кога Фатмир Бесими беше синдикалец и на вработените во министерството за финансии им ги зголеми платите за 30 проценти за да не даваат откази, сега нека најде финансии во буџетот за исполнување на барањата на вработените во здравството, образованието и полицијата. И во овие ресори се чувствува сериозен кадровски дефицит како последица на одлив во приватен сектор и иселување во странство. Алтернатива смета дека болничарите и негувателките во јавното здравство се многу важен сегмент во давањето медицински услуги на осигурениците. Нивниот труд треба достојно да се вреднува, велат тие.