По понудениот предлог од челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан МИцкоски, Африм Гаши да биде нов мандатар се огласија од Алтернатива, појаснувајќи дека имале „друга агенда“.
“Му благодариме на господинот Мицкоски за неговиот предлог за нашиот преседател Африм Гаши, но Алтернатива е во процес кој што се движи и не застанал. Во овој момент немаме никаква причина за промена на агендата и не можеме да зборуваме за ништо друго. Што се однесува за предвремени избори“, од Алтернатива се децидни да учествуваат, кога и да се оддржат истите.
Мицкоски попладнето во петокот предложи Африм Гаши да биде нов мандатар.
Претходно, Алијанса за Албанците го поддржала предлогот Африм Гаши да биде нов мандатар на Владата, потврди денеска на прес конференција партискиот потпретседател Елми Азири
„И ние повикуваме на формирање на експертска или техничка влада за што побрзо да имаме предвремени избори поради лошото менаџирање на кризата. Што се однесува до предлогот на господинот Мицкоски, претпоставувам дека господинот Мицкоски кај господинот Гаши видел капацитети за справување со сите кризи што се случуваат во Македонија но и со решавање на евроинтегративниот процес, односно деблокирање на тој процес, така да ние го поддржуваме тој предлог, зошто да не, изјави Елми Азири, потпретседател на Алијанса за Албанците.