„По одлуката на Европската Унија на Македонија да не ѝ се даде датум за започнување на преговори за членство во ЕУ, со тоа упатувајќи порака дека вратите за европска интеграција на земјата се затвораат, денес се состана Централното претседателство на „Алтернатива“ и констатира дека за нас згаснува поводот поради кој станавме дел од оваа Влада. Да напоменеме дека ние станавме дел од мнозинството и на извршната власт токму поради евро-атлантската интеграција. Сметаме дека ова е доволен повод земјата да оди на неопходни предвремени избори“.
, рече Африм Гаши, претседател на партијата „Алтернатива“.
– Притоа изјавуваме дека и покрај одлуката на ЕУ за одбивање, независно од тоа дали ќе бидеме дел од ЕУ или не, ние остануваме посветени во градење на правна, развиена и типична европска држава. А во духот на платформата „Наше огниште“, за нас не поважно од интеграцијата е токму благосостојбата, правдата и развојот. Веќе е крајно време нашите граѓани да сфатат дека доброто не доаѓа од надвор, туку треба да се произведе внатре во нас. „Алтернатива“ бара што побргу да се прогласат предвремени избори, кои ќе го потврдат ставот на граѓаните за своите посакувани претставници. Поаѓајќи од тоа, планираме што побргу да го свикаме Централното собрание на партијата за да донесеме конечна одлука во однос на нашиот иден став и идна позиција. Секако пред тоа бараме да се редефинира Изборниот законик и да се пречисти изборната листа“, рече Гаши.