Амар Исмани е пејачот кој беше убиен во Скопје, имаше само 29 години

29-годишниот Амар Исмани од Скопје, популарен пејач, е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, објави ТВ21.

Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.

Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб.

Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани.