Компанијата „Амазон“ планира да отпушти околу 10.000 вработени, што е помалку од еден отсто од глобалната работна сила во компанијата.
„Амазон“ направи план за намалување на работниците и истиот треба да почне да се реализира од оваа недела.
Компанијата имаше 1,6 милиони работници на 31 декември 2021 година, а тоа беше зголемување од 102 отсто во однос на 2019 година.