Американската амбасадата во Русија предупреди дека „екстремистите“ имаат непосредни планови за напад во Москва, неколку часа откако руските безбедносни служби соопштија дека спречиле планиран оружен напад врз синагога во руската престолнина, кој се обидела да го изведе ќелијата на авганистанскиот огранок на Исламската држава.
Амбасадата, која постојано ги повика сите граѓани на САД веднаш да ја напуштат Русија, не образложи за природата на заканата, но рече дека луѓето треба да избегнуваат концерти и масовни собири и да бидат свесни за нивната околина.
„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, и ги советува американските граѓани да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, објави амбасадата на својата веб-страница.
Амбасадата го издаде предупредувањето неколку часа откако руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила планиран напад на синагога во Москва организиран од ќелија на ултрарадикалната сунитска муслиманска група Исламска држава, којашто дејствува во Авганистан.
Засега не е јасно дали двете објави се меѓусебно поврзани.
ФСБ соопшти дека ќелијата на Исламската држава дејствува во рускиот регион Калуга како дел од авганистанскиот огранок на групата позната како ИСИС-Хорасан и сака да воспостави калифат во Авганистан, Пакистан, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан и Иран. Групата првпат се појави во источен Авганистан кон крајот на 2014 година и разви репутација за екстремна бруталност.
Ќелијата „се подготвувала да ги нападне верниците во синагогата со огнено оружје“, соопшти ФСБ. Кога биле откриени и при обидот занивно апсење, милитантите им се спротивставиле на руските специјални сили и биле „неутрализирани“ со возвратен оган, се вели во соопштението.
„Пронајдено и запленето е огнено оружје, муниција, како и компоненти за изработка на импровизирана експлозивна направа“, соопшти ФСБ.