![izrael sad zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/izrael-sad-zname.jpg?resize=686%2C377&ssl=1)
Американската Амбасада во Ерусалим им препорача на вработените да останат на безбедно се до нови препораки поради тековното насилство во Израел и Газа.
„Американската амбасада внимателно ја следи безбедносната ситуација како резултат на ракетите истрелани од Газа низ јужен и централен Израел, вклучително и Тел Авив и Ерусалим, како и инфилтрацијата на милитанти на Хамас“, се вели во соопштението.
Амбасадата „е свесна дека има жртви како резултат на тие инциденти“ и ги предупредува граѓаните на САД „да останат будни и да преземат соодветни чекори за да ја зголемат нивната безбедност“, се додава.
Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствариле деннеска разговор, јави Си-ЕН-Ен повикувакјќи се на официјални лица запознаени со тоа прашање.
Претходно, кабинетот на Нетанјаху објави соопштение во кое се вели дека Бајден му се јавил на премиерот и ја изразил својата поддршка за Израел.
„Американскиот претседател Џо Бајден му се јави на премиерот Бенјамин Нетанјаху и истакна дека САД стојат покрај Израел и целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани“, се вели во соопштението. „Премиерот му се заблагодари на американскиот претседател за неговата безрезервна поддршка и јасно стави до знаење дека ќе биде потребна продолжена и моќна кампања во која Израел ќе победи“.