Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, оцени дека Русија во овој момент нема планови со коишто стабилноста на западен Балкан би ја загрозило со нешто како воена интервенција, но и натаму претставува закана која треба сериозно да биде третирана.
Во интервјуто за Al Jazeerа Balkans, амбасадорот Марфи вели дека е јасно оти Русија ги поддржува екстремистичките десничарски групи во регионот кои шират етничка омраза и ги зајакнуваат тензиите, а сето тоа според него претставува дел од сценариото според коешто рускиот претседател Владимир Путин се обидувал да ја урне безбедносната архитектура во Европа.
„Знаеме дека Русија финансирала некои политичари (од регионот) вклучително и некои од БиХ“, вели американскиот амбасадор додавајќи дека сите мора да бидат внимателни и подготвени да му пружат отпор на малигното руско влијание.
САД, како што вели Марфи, тоа го прават предупредувајќи на сѐ што Русија се обидува да направи, а истовремено прават сѐ да помогнат во напредокот на БиХ на патот кон евроатлантските интеграции што е гарант за трајната стабилност.
Како „налудничав“ го опиша односот кон Русија што го има лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој минатата седмица престојуваше во Москва и таму се сретна со рускиот претседател Владимир Путин „отворено бранејќи ја руската агресија“ врз Украина.
„Тоа можеби има смисла за Додик лично, но не и за народот кој тврди дека го претставува“, вели Марфи додавајќи дека е „јасно дека луѓето во БиХ сакаат иднина во Европа, а таа води преку Брисел а не преку Москва“.
Од аспект на ставовите на САД, како што појаснува амбасадорот Марфи, проблем се и аспирациите на Кина кон западниот Балкан, бидејќи Пекинг феноменот на корупцијата и внатрешните напрегнатости во државите во регионот, исто така, се обидувал да ги искористи како алатка за преобликување на односите на моќта ширум светот, односно наметнува на своите цели кои немаат врска со либералната демократија.
„Кина се служи со доста бескрупулозни деловни аранжмани“, предупредува Марфи повикувајќи ги властите во БиХ да бидат претпазливи во однос на кинеските инвестиции, односно да го отфрлат оние кои може пресудно да влијаат врз националната безбедност.
Мариф вели дека БиХ со новата власт има „одлична можност“ за напредување која не би требало да ги пропушти, а го поздрави и апсењето на неколку локални функционери и дипломати кои се доведуваат во поврзаност со корупцијата.
За новата власт во БиХ, смета американки амбасадор, важно е и тоа што ја сочинуваат луѓе кои се подготвени на компромис и консензус, а иако признава дека нема да им биде лесно, верува дека можат да успеат, бидејќи има многу кои не посекуваат неуспех.
„Мојата влада ќе стори сѐ за да им помогне на нововоспоставените власти во БиХ на сите нивоа“, ветува американскиот амбасадор.
Корупцијата Марфи ја опишува како еден од жешките проблеми со коишто државата мора да се соочи, предупредувајќи дека ситуацијата на тој план во изминатите години постојано се влошувало, како и дека претставува сѐ поголем закана и за демократијата, и за економијата.
Во изминатиот месец уапсени се двајца сегашни амбасадори на БиХ кои се именувани како кадар на најголемата бошњачка и досега владејачка Партија на демократската акција (SDA), како и еден општински началник во Сараево кој порано бил член на оваа партија.
Амбасадорот Марфи вели дека САД се задоволни, бидејќи тоа се случило, истакнувајќи дека ништо во БиХ нема да се промени доколку на вмешаните во корупцијата не им бидат изречени соодветните казни.