Амбасадорите се мешаат во внатрешните работи, вели Мицкоски, дојдете и кажете како да ја решиме работата вака не бива

По јасната порака од евромбасадорот Гир дека  рапсуштање на судскиот и обивнителскит совет  е мешање во судството  премиерот Мицкоски остро одговори дека амбасадорските изјави се мешање во внатрешните работи.  Ако знаат подобро решение нека дојдат да кажат и ако е подобро подготвен сум да го прифтам  за да ја вратиме доверербата на граѓаните порача Мицкоски.

-Некако стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи во државата. Во ред, и да е така, 600.000 граѓани гласаа за оваа коалиција. Очигледно тоа за нив не значи ништо и за политиките на оваа влада. Истовремено тие велат дека е катастрофална состојбата со владеењето на правото, во нивните извештаи велат дека цути криминалот и корупцијата, довербата во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители е на два-три проценти кај граѓаните. Јас сум подготвен да седнам со секого и со амбасадорите и со експертите. Дајте кажете како да ја решиме работава зошто вака како што е не бива, изјави Мицкоски.

Од министерството за правда доаѓаат умерени ноти.

-Министерот за правда Игор Филков ги поздравува изјавите  на евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Анџела Агелер изнесени во однос на статусот и функционирањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и очекува да се интензивира соработката во периодот кој претстои. велат од правда.

Во министерството веќе се финализира нацрт верзија на законот за судски совет кој експертската група го подготувваше повеле месеци. Текстот ке биде прикачен на ЕНЕР за сите заинтересирани да можат да дадат забелешки и коментари. По ова министерот планира  да отвори широка и јавна  дебата во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската јавноста  со цел да се дојде до најдобро заедничко прифатливо решение. Текстот на законот  ќе биде доставен и на мислење на Европската комисија и Венецијанската комисија, велат од правда во осговорот за Телма.

Гир вчера изјави дека распуштање на Судскиот и обвинителскиот совет е мешање во незавиноста на судскиот систем и тоа ќе предзивика сериозна загриженост. Несогласување изрази и со владината идеја за поделба на Академијата за судии и јавни обивнители. И порачува на власта материјал за реформи да бара во извештаите на на Европската комисија на Оценската мисија на ЕУ и од скриниг процесот. Амбасадорката на САД  Агелер порача Судскиот совет да ги следи препораките на Оценската мисија и да даде отпор на политичките притисоци.