Американскиот амбасадор во Германија остро во четвртокот ја нападна владата на канцеларката Ангела Меркел поради неподготвеноста да се придружи на поморската мисија во Ормутскиот теснец, велејќи дека најголемата европска економија мора да преземе повеќе глобална одговорност.
Во средата германското министерство за надворешни работи ја исклучи можноста за учество во Германија во поморската мисија водена од САД во Ормутскиот теснец, откако Вашингтон упати формално барање до Берлин да се приклучи на мисијата. Министерот Хаико Маас рече дека Германија сака да се попуштат тензиите со Иран, и дека мора да се стори сѐ за да се избегне ескалацијата.
Изразувајќи ја фрустрираноста од оваа одлука, американскиот амбасадор Ричард Гренел, рече дека Германија има обврска којашто мора да ја исполни.
„Германија е најголема економска сила во Европа. Таквиот успех носи глобална одговорност“, вели Гренел во разговорот за весникот Augsburger Allgemeine.
Амбасадорот вели дека САД со седмици се обидуваат да ја добијат поддршката од Германија за воената мисија во Ормутскиот теснец, како и дека министерката за одбрана рекла дека ќе го разгледа барањето, а министерот за надворешни работи го одбил.
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави во Брисел дека Германија го „преиспитува“ барањето.
„Америка многу жртвуваше а да ѝ помогне на Германија да остане дел од Западот“, вели Гренел во раговорот и додава дека Америкнаците издвојуваат големи суми за одржување на 34.000 илјади свои војници во Германија.
Гренел уште со самото доаѓање во Берлин минатата година предизвика контроверзии со своите критики на сметка на Германија по различни прашања од меѓународната политика. Од друга страна, тензиите во Перисискиот залив растат и се стравува од можен судир меѓу САД и Иран.