Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина би требало да влезе во поинтензивна фаза.
Амбасадорото додаде, исто така, и дека се надева оти компромисот би можел да се случи во оваа година.
Скот за РТ вели дека е јасно оти ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис.
„Затоа е толку важен овој дијалог кој води кон ЕУ. Мислам дека морате да влезете во поинтензивна фаза, јас се надевам ќе дојде до компромис, можеби и оваа година“, изјави Скот.