Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и десничар од партијата на Красимир Каракачнов предизвика скандал во Европскиот парламент во Брисел кога на излез од пленарната сала отпоздрави со „Хајл Хитлер“. Еве како тоа изгледаше:
„Фактот што некој не се согласува со вас не значи дека е нацист. Се извинувам ако моето невино мавтање навреди некого“, се огласи на Твитер Џамбаски по скандалот.
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола рече дека „фашистички поздрав во Европскиот парламент е недозволив, секогаш и секаде“.
– Ова ме навредува мене и сите во Европа – додаде таа.
Францускиот државен секретар за европски прашања, кој беше присутен во пленарната сала на европарламентот во Стразбур, го нарече гестот на Џамбаски „скандалозен и шокантен“, пишува СДК.
Џамбаски во јавноста е познат по антимакедонските ставови и неговото контроверзно видео во кое тврдеше дека „Охрид е бугарски“. На вчерашната седница во Европскиот парламент, тој застана зад Полска и Унгарија во однос на владеењето на правото во овие две земји, кое веќе подолго време е оспорувано од Брисел.
Au lendemain de ce geste, je reste choqué qu’une telle chose ait pu se produire dans l’hémicycle qui incarne la démocratie européenne, celle qui s’est construite justement contre les nationalismes.
Nul doute que les sanctions seront à la hauteur. https://t.co/xOmRxfARf8
— Stéphane Séjourné (@steph_sejourne) February 17, 2022