Џамбаски со скандалозна видео провокација: Почитувани „времени управители“ на мојата Македонија (ВИДЕО)

Европратеникот Ангел Џамбаски со снимки од Охрид и Скопје објави скандалозен спот на својот „Фејсбук“ профил каде ги промовира големобугарските сонови поткрепени од Санстефанскиот договор.

Вели дека ние сме само „времени управители“ во Македонија. Според него, не може да се живее во 21 век, без да се признае 20-от век.

– Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистирично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај – вели Џамбаски.

Тврди дека Македонија е бугарска. Во спорот вели дека колку повеќе лажеме, толку повеќе вистината ќе излегува на виделина. Иако имаше реакции во Европскиот Параламент за провокациите на Бугарија кон Македонија, сепак овој спот е доказ дека провокациите не запираат.

Тој испрати директна порака и до премиерот на Македонија, Зоран Заев.

– Заев! Почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија се уште ти од Запад – порача Џамбаски.