Амди Бајрам нападнат во ГТЦ

Лидерот на сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево пријавил во полиција дека бил нападнат во Градскиот трговски центар во Скопје, дознава Прес 24 од неофицијални полициски извори.

Од МВР потврдуваат дека добиле таква пријава, но велат дека увидот е се уште во тек и дека е рано да излегуваат со било какви квалификации за пријавата.

Неофицијално дознаваме дека е извршен разговор со пријавениот и претрес во неговиот автомобил, при што се пронајдени еден панцир елек и телескопски пендрек. Иако се обидовме до овој момент не успеавме да сртапиме во контакт со Амди Бајрам, пишува Прес 24.