Враќањето на Леброн Џејмс во редовите на Кливленд, доведе до еуфорија кај фановите на тимот. Непосредно по објавувањето на челниците на тимот дека во своите редови ја вратиле најголемата ѕвезда во НБА лига, сезонските билети за мечевите на овој тим веднаш беа распродадени.
Од раководството на клубот објавија дека продале 12.000 сезонски билети, а во продажба останале уште 8.000 поединечни за домашните натпревари на Кливленд
Тимот од Охајо билетите ги продаваше по телефон, а интересот бил толку многу голем што во еден момент линиите биле блокирани.
Џејмс, кој има два шампионски прстени со Мајами, наредната сезона во НБА лига ќе се обиде ја освои титулата и со Кливленд, тим за кој настапуваше пред четири години.