
Гласачите во 13 американски сојузни држави денеска, на таканаречениот Супер вторник, гласаат за избор на претседателски кандидат за изборите што се одржуваат годинава на внатрепартиските избори во Демократската и во Републиканската партија.
Се смета дека денешното гласање е клучно за изборот на кандидати. Демократите гласаат во 11 држави. Изборот им е меѓу поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која се смета за фаворит, и сенаторот Берни Сандерс.
Републиканците гласаат во 13 држави, а избираат меѓу петмина кандидати. Анкетите покажуваат дека републиканскиот фаворит Доналд Трамп убедливо ќе победи во сите држави, освен во Тексас, од каде што е неговиот ривалски сенатор Тед Круз. Сенаторот Марко Рубио се смета за најсериозен ривал на Трамп.