Американец од Лос Анџелес, Калифорнија, украл автомобил во којшто се наоѓало тело на штотуку починат маж.
Погребникот го паркирал возилото пред црква, оставајќи го моторот вклучен додека внесувал еден од покојниците во капелата. Крадецот го искористил мигот и избегал со автомобилот. Внатре имало уште еден починат, соопшти полициската службеничка.
Во порака на Твитер, канцеларијата на шерифот го повика крадецот да го врати покојникот.
Тој потоа бил уапсен, вчера наутро, по потера по којашто се случил судир со друго возило. Мртвиот човек во тие мигови сѐ уште бил во украдениот погребното возило.