Американецот Карл Џонс е нов играч во составот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Џонс (22 години, 180 см) игра на позицијата плејмејкер, а во тимот на МЗТ доаѓа по три одлични сезони на универзитетот Сент Џозеф во НЦАА лигата, каде што во просек имаше 16.2 поени, 3 асистенци и 2.8 скока.
Џонс е шестиот странец во редовите на “металците”, што значи дека едемн ќе мора да си змаине, а тоа најверојатно ќе биде Никола Оташевиќ, кој сезонава игра во очајна форма
Американецот, воедно е второто засилувње во редовите на македонскиот шампион во последните седум дена, откако претходно дресот на МЗТ Скопје го облече Србинот Иван Маринковиќ.