Американецот Смит избран за главен обвинител Специјалниот суд на Косово

Џек Смит (Фото Танјуг)

Американецот Џек Смит денеска е избран за главен обвинител во Специјалниот суд во Хаг за истражување на воените злосторства направени за време на војната на Косово во 1998 – 1999 година.

Судот ќе ги истражува злосторствата направени над Србите, од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на судирот и по него.

Веднаш по назначувањето, Смит изјави дека тоа е голем предизвик и дека е подготвен да продолжи со истрагите.

– Чест и задоволство е да што ми се ми нуди овој предизвик и јас сум подготвен да продолжам со истрагите, истакна Смит.

Тој доаѓа на местото Дејвид Швендиман, првиот главен обвинител на Специјалната истражна група, кој поднесе оставка на функцијата.

Смит дипломирал на Правниот факултет на Харвард и на државниот Универзитет во Њујорк. Обавувал многу значајни функции а е добитник и на многу награди и признанија во САД.

Претседателката на Специјалниот суд, Екатерина Трандафилова му посака добредојде на Смит, со убедување дека веќе започнатите истраги ќе продолжат.