Американска компанија тврди дека го има првиот лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест

Американската фармацевтска компанија „Biogen“ претходно седмицава објави дека го развила првиот лек кој би можел да го забави развојот на Алцхајмеровата болест.

Во моментов во светот не постои ниеден лек од ваков тип, бидејќи досега познатите медикаменти само помагаат во ублажување на симптомите. Така, објавата на „Biogen“ претставува своевидно изненадување, бидејќи во март 2019 година компанијата наводно се откажала од развивањето на овој лек, откако, како што соопштија, добиле разочарувачки резултати.

Американската компанија сега има намера да побара одобрување од наделжните американски органи за, како што објавија, „револционерниот“ лек под називот „Aducanumab“, а сите потребни докумнети би требало да бидат подготвени на почетокот од 2020 година, пишува BBC. Процесот за одобрување би можело да потрае година или две, но доколку овој процес биде успешен, компанијата има намера прво да им го понуди на пациентите кои биле вклучени во нивните клинички испитувања.

Новите анализи покажале дека поголемите дози од „Aducanumab“ може да им помогнат на пациентите со раните знаци на Алцхајмеровата билест, така што ќе го забавува влошувањето на нивната состојба, „зачувувајќи“ го нивното паметење, како и способноста за снаоѓање во секојдневниот живот.

 

Голема надеж

Лекот „Aducanumab“ е насочен на протеинот амилоид кој формира големи талози во мозокот на луѓето кои боледуваат од Алцхајмеровата болест. Научниците веруваат дека овие талози се токсични за мозочните келии и дека нивното отстранувањео со помош на овој лек би претставувало голем напредок во лекувањето, иако не и во целосното лекување на деменцијата.

Подолго од десет години во борбата против деменцијата, фармацевтските компании не понудиле никаков нов лек.

Извршниот директор на „Biogen“, Мајкл Вунацос, изјавил дека тој и колегите се надеваат оти во иднина на пациентите ќе им ја понудат првата терапија којашто би можела да го забави развојот на Алцхајмерот.

Хилари Ивенс, од британското Здружение за истражувањето на Алцхајмеровата болест додава „Луѓето кои боледуваат од Алцхајмер долго чекаат на некој лек кој би им го изменил животот, а најновите вести ни даваат нова надеж“.

Професорот Бард Де Струпер, директот на Институтот за истражување на деменцијата при лондонскиот Универзитет Колеџ, вели дека ова се извонредно добри вести, бидејќи во моментов во светот не постои ниден ефикасен лек за забавување на развојот на деменцијата.

 

Што е Алцхајмеровата болест?

Алцхајмеровата болест е прогресивно заболување на мозокот кое се карактеризира со губење на памтењето, способноста за расудување и промена на особеностите кај личноста. Освен што станува збор за водечкиот проблем на јавното здравство во светот, ова нарушување е најчестата форма на деменцијата која бара правовремено препознаање и лекување.

Имајќи ја предвид зачестеноста на Алцхајмерот и другите форми на деменција, значително се зголемува со возраста, а забележанн е и трендот на стареење на светската популација, се очекува натамошен пораст на бројките.

Од различни форми на деменцијата денес во светот боледуваат околу 47 милиони луѓе, а според некои стучни процени до 2050 година се очекува овој број да достигне 152 милиони, па затоа и ја нарекуваат „епидемија на XXI век“. Во Македонија има околу 20.000 болни од Алцхајмеровата деменција, според светската статистика.

Алцхајмеровата болест ја карактеризира незабелижетелн почеток и постепно влошување на менталниот статус. Во првите неколку години болеста не мора да покажува драматични симптоми, додека во подоцната фаза на болеста, пациентот сѐ повеќе зависи од туѓата помош. Иако болеста не се развива на ист начин кај сите пациенти, во просеј нејзиниот развој трае околу десетина години.