Американска олимпијка ја истрча трката, па се породи

Американската олимпијка Алисија Монтањо, која не престанала да тренира иако веќе влегла во осмиот месец од бременоста, се породи пред неколку дена и роди здраво девојче, на кое ѝ го дала името Линеа.

Во 34-тата недела од бременоста, Алисија Монтањо учествувала во трката на 800 метри кон крајот на јуни во Сакраменто, во Калифорнија.

devojce1

Во текот на целата бременост и тренинзите била под лекарски надзор. Иако била последна, тоа не ѝ било нималку битно. Трката ја завршила после 2 минути и 32 секудни, што е за 35 секудни побавно од нејзиниот личен рекорд од 1 минута и 57 секунди.