
„Meet the soldiers in Skopje“ е насловот на настанот кој денеска ќе се случи во центарот на Скопје.
Како завршница на воената вежба „Одлучен удар“ американски војници ќе ја презентираат својата опрема, а љубителите на оружјето ќе може да се фотографираат со поставените воени машини, возила и опрема.
Дали сте подготвени да ја запознаете армијата? Во петок на 5 јули, војниците на САД и Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат во Скопје за да ги претстават своите уникатни воени возила и интересна опрема. Дојдете да ги разгледате овие возила и опрема одблиску, и да се запознаете со војниците-стои во најавата.