Американската администрација во заминување треба да ја прекине воената поддршка за Украина

Администрацијата предводена од Џо Бајден, a која е во заминување треба да ја прекине воената поддршка за Украина во преостанатите денови пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој истакна дека во САД, дебатата за идните политики во однос на конфликтот во Украина е во тек.

„Не сум во позиција да судам, но нивниот уставен систем ми изгледа нешто чудно: претседателот беше избран во ноември, но тој ќе ја преземе функцијата дури на 20 јануари. Она што се случува помеѓу овие два датуми обично никој многу не го интересира. Но, сегашната администрација на САД и припаѓа на партијата на која поддржува војни, додека победникот на изборите Доналд Трамп и припаѓа на партијата на мирот“, објасни тој.

Орбан верува дека би било само фер и праведно за администрацијата на Бајден во заминување да ја намали воената поддршка за Украина додека власта се менува.

„Тие повеќе не треба да поттикнуваат непријателства или да демонстрираат посветеност на воените операции. Наместо тоа, треба да му дадат шанса на новиот про-мировен претседател да ја спроведе својата програма што е можно помирно“, рече унгарскиот премиер.

Претходно, Орбан постојано изразуваше надеж дека мировното решение во Украина ќе дојде со победата на Трамп на претседателските избори во САД.