
Американската амбасада во Москва на 8 март издаде безбедносно предупредување до граѓаните на САД во кое ги повика да избегнуваат големи собири во следните 48 часа.
„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, а на граѓаните на САД им се советува да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, соопшти тогаш американската амбасада.
Тие го издадоа предупредувањето неколку часа откако Русија објави дека е спречен напад на странска милитантна сунитска муслиманска група врз синагога во Москва. Во извештајот тие наведуваат дека Американците треба да избегнуваат големи гужви и да ги следат локалните медиуми и да бидат свесни за се што се случува во нивната околина.
Американските информации се покажа како точни откако најмалку пет вооружени мажи во маскирни униформи упаднаа во концертна сала во Москва и почнаа да пукаат во луѓе. Напаѓачите поставиле експлозив во големата сала
#Moscow terrorist attacked and it’s owner 👇 world biggest terrorist is USA pic.twitter.com/ratcnfgMJD
— ibrhm (@ibrhm1332662) March 22, 2024
Според пишувањата на руските медиуми, во нападот загинале најмалку 40 лица, а околу 130 се ранети. Руските специјалци упаднале во зградата и трагаат по напаѓачите. Луѓето бегаат во паника, се слушаат врисоци на вознемирувачки видеа.