
Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд го повика Советот за безбедност на ОН да одобри два дополнителни пристапни пунктови за испорака на помош за деловите од Сирија погодени од смртоносниот земјотрес минатата недела.
– Луѓето во погодените области сметаат на нас. Тие апелираат до нашата заедничка хуманост да помогне во нивниот момент на потреба, се вели во соопштението на Томас-Гринфилд.
– Не можеме да ги изневериме – мораме веднаш да гласаме за резолуција за да го послушаме повикот на ОН за овластување на дополнителни гранични премини за испорака на хуманитарна помош. Имаме моќ да дејствуваме. Време е да се движиме со итност и цел, нагласи таа.
Испораката на итна помош во областите во северна Сирија погодени од земјотресот се соочува со проблеми поради долготрајната граѓанска војна меѓу опозициските сили и сириската влада, предводена од претседателот Башар ал Асад, кој е обвинет за убиство на сопствениот народ.